субјективизира
субјективизираат; субјективизирајќи
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Направи, прави да биде нешто сфатено, видено, доживеано, сфати, сфаќа нешто од своја гледна точка, според своето субјективно гледиште, нешто да биде лично, нереално, необјективно.
Тој го субјективизира светот во своите дела.
Квалитетот не може да се субјективизира.
Во најголема мера трансферот на финансиските средства доаѓа од централниот буџет и министерствата, со што по правило се политизира и субјективизира принципот на поделба на финансиски средства во земјата.
Изведенки
субјективизирање ср.
глаг. им.
глаг. им.